БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: на 27 април 2017 година се черечеше Македонија

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски по повод 7 годишнината од настаните во Македонското собрание на 27 април 2017 година, упати свои пораки за обединување на сите граѓани во име на подобра заедничка иднина на Македонија.

“27 април 2017 година во современата историја ќе биде запаметен како ден кога се черечеше Македонија.

Понижувањата и горчината кои произлегоа од тој ден, ќе ги прогонуваат Македонците уште долго време. Наметнатите поделби врз овој горд и достоинствен народ време е да престанат.

Македонскиот народ има право и ќе се избори за посветла иднина. Првиот чекор за тоа е направен пред некој ден кога цела Македонија се исправи повторно гордо пред иднината..

Следува последното обединување на овој горд и достоинствен народ на 8 мај за Горда Македонија конечно да тргне напред.
Затоа што ова е моја, твоја- НАША Македонија.

Нашите браќа и сестри кои трпеа и се уште трпат политички прогон после тој кобен 27 април 2017 година, се нашите херои а нивниот пркос ќе остане светол пример за идните генерации.

#МакедонијаВечна
#СлободаЗаУставобранителите

-стои во текстот на реакцијата на Иван Гоцевски- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево по повод денешниот ден.

Креирано од:


Пренеси го гласот