Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Крунисувањето на Наполеон Бонапарта како лајт мотив во современата политичка пропаганда

Пренеси го гласот

На 2 декември во недела 1804 година во Катедралата Нотр Дам Наполеон Бонапарта се крунисал сам себеси за император на Франција со што таа станала прва модерна империја по залезот на зачмаеноста на средниот век.

Наполеон пред 4500 свои поданици- предмети ја ставил императорската круна на својата глава со што себеси се прогласил за император на французите а својата љубовница Жозефин ја крунисал за своја императорка.

На тој начин пред лицето на целиот тогашен западен свет била прогласена првата модерна империја.

Чинот на себекрунисувањето означува камен темелник во секој учебник за почетници во модерната политичка пропаганда затоа што со него се рефлектираат огромен број на пораки чија што суштина и генеза потекнуваат од најстарите цивилизациски периоди од постоењето на човековиот вид.

Ваквата силна порака која била упатена кон светот означила лавина на политички бранови кои што следувале потоа низ целиот свет до ден денес што биле причина за моделирање на политичките текови дури и денес во услови на некаква демократија која се бори за свое место под сонцето.

Чинот на себекрунисувањето добил свој верски карактер од највисокко значење со присуството на Папата Пие VII а подоцна прогласувањето на Наполеон за император било потврдено со референдум на французите.

Со прогласот Наполеон вовел цела нова палета на ритуали, обичаи, традиции за својата императорска власт кои што сакал да ги преслика во животот на цела Франција а потоа и освоените територии.

Ова е најрадикален пример како човек од калта на француските сокаце со силата на оружјето се воздигнал за да биде најмоќен човек во своето време, за подоцна да биде оставен како последно сметало на пуст остров во Атлантикот.

bregalnickimarketing

Создавањето на модерниот термин нација во суштина и природа која што ден денес ја познаваме било зачнато токму со ова себекрунисување а модерна Европа денеска во голема мера е создадена врз принципи кои што ги создал самиот Наполеон.

Силата на законот се повеќе се заменува со силата на заканата, моќта, оружјето…. Правдата за обесправените е сретство за остварување на интереси на политички елити и воведување на нови иновативни начини за репресија, експлоатација и мизерија.

Она што Наполеон Бонапарта го покажал пред лицето на светот тој ден дури и денес создава мали Бонапартчиња кои што понесени од сопствената инфантилност како човечки суштества се обидуваат да наметнат репресија и волја врз останатите луѓе.

Во кино салите во светот деновиве е актуелен новиот филмски хит во режија на Ридли Скот со Хоакин Феникс во насловната улога глумејки го историскиот лик на Наполеон Бонапарта.

Креирано од:


Пренеси го гласот