БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Локалитетот “Баргала” во Карбинци ќе добие електрификација и заштитна ограда

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов ја информира јавноста дека археолошко-туристичкиот локалитет “Баргала” ќе добие нова мрежа за електрична енергија- електрификација како и заштитна ограда.

Реализацијата на овој проект е во функција на подобрувае на туристичката понуда на општината како и зачувување на недвижното културно наследство.

“Во тендерска постапка е веќе и проектот за електрификација и оградување на локалитетот ,,Баргала” во општина Карбинци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Проектот кој заедно со центарот за источен плански регион преку Бирото за регионален развој успеавме да го ставиме како еден од приоритетите во регионот.

Подобрување на туристичките понуди, квалитетна инфраструктура и зачувување на културното богатство во нашата општина ќе значи и поголем развој во иднина за Карбинци!

Ветените проекти се реализираат.✅

-информираше градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.

Реализацијата на овој значаен проект на локалните власти во Карбинци е дел од проектите кои што ги реализира Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој. Овој проект е аплициран и добиен заедно со проектот за реконструкција на Саат Кулата во Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace