Рано утринава Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати јасна и недвосмислена порака во јавноста во врска со вечерашниот најавен предупредувачеки протест:
“Нема Македонец кој не почуствува срам од интервјуто, каде Заев со насмевка и скрстени раце кажуваше невистини за својот народ. Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти – Партизаните кои се вистинските ослободители, Заев ги прави окупатори, а бидејќи врз антифашистичката и Народноослободителната борба како и Илинденската борба се темели на македонската државност, тогаш испаѓа дека Заев ја укинува и македонската државност.
Ова не е нималку наивно, се наоѓаме во историски моменти и или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе нѐ нема. Затоа протест сега, за да не биде предоцна!
п.с. Заштите се, носете маска, држете растојание. Се гледаме на улиците.”
-напиша Мицкоски на фејсбук.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината