Во текот на денешниот ден Министерот за култура и туризам Зоран Љутков оствари работна посета на Македонската опера и балет каде што се запозна со тековните активности како и со постојните услови за работа на оваа значајна културна институција.
“Ден пред почетокот на новата сезона со „Реквием“, остварив работна посета во Националната опера и балет, на покана на директорот Оливер Арсовски. Имав можност да се запознам со новите услови за работа на нашиот оперски ансамбл – две целосно реновирани и две сосема нови, поголеми студија, кои значително ќе придонесат за унапредување на квалитетот на нивната работа и подготовка.
Во рамки на посетата ми го презентираа и службениот влез со главниот коридор што води до двете сцени, со што се создаваат подобри услови и современ просторен капацитет за изведба и организација.
Продолжуваме заеднички да инвестираме во културата, во институциите и во уметниците, затоа што тие се најголемиот амбасадор на нашата држава.”
-напиша на социјалните мрежи Министерот Љутков во врска со оваа негова посета.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар