Кандидатот за градоначалник на општина Чешиново- Облешево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Јорданчо Костадинов преку социјалните мрежи објави свое видео обраќање во кое ги афирмираше проектите од неговата програма посветени на развој на спортот во општината.
“Поддршка за спортот и здравиот живот мора да биде една од клучните и приоритетни заложби во работата на идниот градоначалник.
Мотивиран сум од потребата на нашите најмали да им се создадат услови за непречен и успешен спортски живот. Едно е јасно. Спортот прави младите да се развиваат и растат здраво и далеку од пороците и лошите навики. Нашиот избор се спортски терени наместо казина. Фитнес центри наместо сомнителни и небезбедни ноќни клубови.
Со домаќинско планирање на средствата од буџетот на општината, како иден градоначалник на Општина Чешиново- Облешево ќе ги помагаме сите спортски клубови и ќе ги одржуваме постоечките спортски терени, и ќе градиме спортски игралишта во сите населени места.
-Илинденските спортски игри (ИСИ) ќе ја прераснеме во манифестација како едно убаво минато, ќе биде еден од најсветлите спортски моменти пред и за празникот Илинден.
-Меморијалниот центар во Облешево, Андреј Митев ќе биде под покровителство на општината, а теренот на кој што се одржува овој турнир ќе добие нов и модерен изглед.
-Турнирот во Одбојка Чешиново и Генерацискиот турнир во мал фудбал во Спанчево и Соколарци. Истите, ќе добиваат логистичка и финансиска поддршка од општината.
-Во Чифлик, Бање, Уларци, Теранци и Кучичино ќе ги опремиме, модернизираме и осветлиме постоечките спортски терени во училиштата.
-Во Бурилчево и Жиганци ќе изградиме мини фитнес паркови.
-Возобновување и враќање на ракометниот клуб Старк.
Во соработка со професорите во двете ОУ ќе формираме тимови за откривање на млади таленти од сите спортови и ќе овозможиме стипендии и помош за овие деца.
Поддршка и плаќање котизација за секој спортски клуб што ќе формира фудбалска школа за да се натпреварува во било која дисциплина и генерација.”
-напиша на социјалните мрежи Јорданчо Костадинов- кандидат за градоначалник на општина Чешиново Облешево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година