БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одржана 34. седница на Советот на Општина Кочани

Пренеси го гласот

Советот на Општина Кочани ја одржа 34. седница 

На 12 септември Советот на Општина Кочани ја одржа 34. редовна седница, на која донесе одлука за доделување финансиска помош од 100.000 денари на Доброволното противпожарно друштво – Кочани за реализација на програмски активности на ДПД. 

Со цел да одговори на организациските потреби, со 17 гласа ги усвои измените и дополнувањата во Правилникот за начинот на организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, како и Планот за вработување на на Општина Кочани за 2024 година. Советот утврди листа на имиња на улици, мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти со имињата на борачот и спортски работник Насе Насев и на актерот Трајче Ѓорѓиев. Објавата на оваа листа ќе биде запрена со решение на градоначалникот на Општина Кочани, затоа што името на Насе Насев е веќе утврдено од страна на Советот и за таа листа е добиена согласност од Владата.

Креирано од:


Пренеси го гласот