Неодамна во Самобор, Хрватска е одбележана 83 годишнина од издавањето на стихозбирката „Бели мугри“. Таа беше дел од содржините на културната манифестација „Рацинов ден“. Истата е потсетник на нераскинливата врска помеѓу Хрватска и Македонија, Самобор и Велес, двата збратимени града.
Дружењето на Македонците од Хрватска, кои се организирани во шест здруженија започна со полагање на цвеќе пред споменикот на Рацин, поставен пред Музејот на градот Самобор. Освен венци од овие здруженија, положија и претседателот на Советот на градот Самобор Миран Шоиќ и македонскиот амбасадор во Загреб Милаим Фетаи. Тој се заблагодари на гостопримството на градот Самобор, нагласувајќи дека ова манифестација е важна бидејќи се негува и развива пријателството помеѓу двата народи на Македонија и Хрватска.
„Печатењето на книгата „Бели мугри“ е симбол на нераскинливото пријателство на нашите народи и држави, кои биле една покрај други кога било најтешко. Важно е ова традиција да ја продолжат и следните генерации“ – кажа Фетаи. Тој се заблагодари што Хрватска им овозможува на Македонците да ја негуваат својата култура и традиција. Манифестацијата Рацинов ден“ продолжила во Музејот на градот Самобор, каде се читале песни од Рацин, се говорело за неговото дело а настап имал и вокалниот состав „Моми бисерни“. Покровител и финансиски манифестацијата е поддржана од Советот на национални малцинства на Република Хрватска, Музејот на градот Самобор и Македонскиот културно- информативен центар во Загреб. Почитта на градот Самобор кон Рацин и Велес е голема и сериозна, така пред 11 години поставена е биста во тамошниот парк а во 2005-тата година еден мост во Самобор го доби името по збратимениот Велес. Стихозбирката „Бели мугри“ прва на македонски јазик, отпечатена е на 25 ноември 1939 година, во хрватскиот град Самобор, илегално во печатницата на Јосип Шпулер во четири илјади примероци. Оригиналот се чува во Музејот на градот Самобор.
Целиот текст во врска со настанот може да го прочитате на порталот ТирековМирече.ком
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дипломатски скандал во Белгија. ВМРО-ДПМНЕ најавува целосно ревидирање на дипломатската мрежа на Македонија
Македонците од цела Европа, масовно се организираат да допатуваат за да гласаат на изборите во Македонија
Мицкоски помеѓу нашинците во Виена