На 09.08.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, М.С.(18) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „ауди“, паркирано од И.Г.(47) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип, при што било констатирано дека возачот М.С. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,00 промили алкохол во организмот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Под дејство на алкохол утрил со мопед во паркиран автомобил при што пострадала малолетна сопатничка во Штип


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево