БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премиерот на нашата држава на Могилата на непобедените во Прилеп полагаше цвеќиња денес

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Владата на нашата држава, Зоран Заев денеска заедно со Фатмир Битиќи, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, положија венци со свежо цвеќе „Могила на непобедените“, во Прилеп. Оваа активност на високите владини функционери во владата на нашата државабеше во рамките на програмските содржини за чествување по повод 80 годишнината на празникот 11 Октомври .

Со овој чин за оддавање почит и во знак на сеќавање, како и почит кон делото и хероите од народно-ослободителната антифашистичка војна, Владата на Северна Македонија во име на народот им оддава признание на првоборците од Прилеп и прилепско кои во воените дејствија дале 8.000 учесници, од кои 2.700 активни борци со оружје во рака, 650 жртви, 15 народни херои и 154 носители на признанието „Партизанска споменица 1941“, и кои заедно со своите другарки и другари од целата земја учествуваа во војната за слобода од фашизмот и за македонска држава.

-соопштија од Владата на нашата држава

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Извор: Влада.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот