Првите пет месеци од 2025 година се храбар показател за враќањето на надежта и уште повеќе, за враќање на оптимизмот за економските состојби во Македонија. Раст на вредноста на извозот на Македонски производи во странство во првите пет месеци за 3.15% наспроти 1% раст на увозот, а со тоа и кумулативен суфицит во трговската размена за намалување на трговскиот дефицит на државата, претставува силен зрак на светлина која покажува дека актуелните владини политики пополека но стабилно даваат резултати.
Премиерот на Македонската влада Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи ги соопшти овие индикатори кои што се резултат на макотрпната и упорна работа на ресорните министерства, заедно со стопанските субјекти кои што подразбираат повеќе пари во државата и што е уште поважно кај граѓаните кои се вклучени во овој економски тренд.
“-Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец Мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44% во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија. Бележиме и раст на македонскиот извоз во првите пет месеци од 2025 година, во периодот Јануари-Мај, македонскиот извоз порасна за 3,15% во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1%,”
-напиша Претседателот на Македонската влада Мицкоски во своја објава на социјалните мрежи.

Овие бројки се особено значајни за подобрување на економијата а со тоа и стандардот на граѓаните. Но има уште еден важен момент кој што укажува на тоа дека постои здружен и добро организиран економски систем под менаџерската палка на Премиерот Мицкоски кој што секојдневно се надградува и учи на грешките во минатото за да истите не се повторуваат и уште повеќе систем кој внесува многу свежина и нова енергија во своја експанзија која се очекува да се рефлектира со уште подобри резултати во периодот кој следува.

Премиерот Мицкоски тоа го карактеризира како очигледна разлика од периодот на економскиот пад во минатите години, преку која се создадени услови за целосен пресврт на Македонската економија.
“Поголем извоз, повеќе пари за македонските граѓани. После месеци и години пад, конечно раст за македонската економија. Расте туризмот, расте БДП, расте индустриското производство, растат инвестициите, расте извозот…, богата Македонија е силна Македонија! Оваа година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!”
– потенцираше Премиерот Мицкоски во својата кратка објава на социјалните мрежи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера