“Колку болни и морбидни натписи во обид да се сврти вниманието од распаднатиот правосуден систем – од судиите, обвинителите и функционерите кои дозволија да дојде до оваа трагедија. И сега, како врв на лицемерието, некои ме ставаат во иста реченица со Шекеринска и со убиецот на Фросина.
Ова е дно на новинарството!
До каде оди изопаченоста на оние што го брифираат и наоѓаат начини да ме дисквалификуваат и да ми припишаат нешто што секој што ме познава знае дека е невистина.
Никогаш, ниту за мене ниту за кој било друг, не сум користел никакви врски за Суд, а камоли за наркомани и прекршувачи на законите, во случајов убиец. Напротив, секогаш сум се борел и ќе се борам против таквите корумпирани судии и обвинители.
Барам најстрога казна за убиецот на Фросина и најстроги санкции за сите што со своите постапки или со своето молчење придонесоа да се случи ова убиство.
Бог да ја прости младата Фросина. Нека почива во мир.
Сочуство до семејството.”
-реакција на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на објава на страницата Буревесник на Зоран Божиновски упатена преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар