Вчера во 18 часот и 30 минути во Полициска станица Пробиштип, 40 годишен жител на село во Пробиштип, пријавил дека во мобилиот телефон на наговата 11 годишна ќерка пронашол фотографија од неа со компромитирачка содржина.
Во разговор со истата, дознал дека фотографијата ја направило машко лице и истиот ја уценувал ќерка му, да излезе со него бидејќи ќе ја објавил фотографијата на Фејсбук.
Во Полицијата Пробиштип е извршен разговор со девојчето во присуство на нејзиниот татко и со стручен тим од Центарот за социјални работи -Пробиштип, а по наредба на дежурниот јавен обвинител, во Клиничка Болница Штип е извршен гинеколошки преглед над неа.
Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е одземен лап-топ марка „Тошиба“ од станот на осомничениот како материјален доказ во присуство на неговиот татко. ПС-Пробиштип превзема мерки за расчистување на случајот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија