БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ПАЃАЊЕТО НА…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Не знам колкав степен на интелигенција треба да се поседува, па некоја индивидуа или партија да сфатат дека помеѓу укинувањето на вонредната состојба и одржувањето на избори не постои никакава причинско-последична корелација, бидејќи укинувањето на вонредната состојба не доведува (по автоматизам) до избори. Имено, вонредната состојба може да се укине, или нејзините мерки драстично да се ублажат, а тоа да не доведе до редовни или вонредни избори. Ако некому ова не му е јасно, односно „не му е јасно“, ќе се послужам со едноставен пример, за чие разбирање не мора да поседува особена интелигенција. До пред 5-6 месеци во Република Македонија немаше вонредна состојба, ниту се знаеше дека постои нешто што се нарекува корона вирус. Сепак, тоа не доведе до никакви избори. Заначи, укинувањето на вонредната состојба нема никаква врска со одржувањето на избори, кои слободно можат да се одржат пет, шест или седум месеци после укинувањето на вонредните мерки, предизвикани од корона вирусот. Или, можеби, оваа елементарна вистина некому не одговара, па макар граѓаните на Македонија живеела со месеци во домашен притвор, бидејќи ограничувањето на движењето не е далеку од домашен/присилен притвор, во кој целата држава се преобразува во колективен конц-логор.

Сепак, нека е вечно сеќавањето дека токму на денешен ден (1945) конечно беше победен фашизмот и дека на денешен ден 2015 година (во Диво насеље, Куманово) безочно беа убиени осум припадника на Специјалните полициски единици на Република Македонија.

Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот