Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во минатиот четири годишен мандат и кандидатот за пратеник на листата на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ на актуелните парламентарни избори, Миле Лефков пред малку на прес конференција ја алармираше јавноста за притисокот кој се прави врз него во форма на физичко насилство.
Станува збор за обивање и вандализирање на пратенничката канцеларија во Кочани која што пратеникот Миле Лефков ја користи за комуникација со граѓаните во изминатиот мандат како пратеник.
Миле Лефков ваквиот настан го поврзува со блокадата од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бајмацалиев за назначување на нови раководни кадри во ОВР Кочани кои што ќе гарантираат мирен и фер избирачки процес


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Локален базар во Делчево: празник на традицијата, креативноста и локалниот дух.
Концерт на Танец и Воениот оркестар на АРМ вечерва во Делчево
„Шате Керамика“ одбележа 31 година – од семејна приказна до бренд што обликува ентериери