БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Делчево обзнанета иницијативата за формирање на мрежа на Младински совети од повеќе општини

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска под покровителство и со целосна поддршка на градоначалникот Иван Гоцевски во Делчево беше обзнанета иницијативата за формирање на мрежа на Младински совети на општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица.

На координативниот состанок кој што се одржа во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево присуствуваше лично и Градоначалникот Гоцевски кој што уште еднаш ги нагласи личните заложби за поддршка на секоја корисна иницијатива која доаѓа од младите.

“Денес разговаравме со младите. Го слушаме нивниот глас и како одговорни носители на локалната власт, преземаме конкретни дејства, активности во интерес на младите со цел поттикнување на нивниот активизам и нивно учество во општествените текови.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Затоа денес го организираме регионален состанок на младите од локалните младински совети од Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица. Ова е одлична можност да се поврзат, да ги споделат своите идеи и заеднички да ги препознаат потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите во Источниот регион.

За мене младите се најважниот ресурс што го има секоја локална заедница, а нивната енергија, идеи и иницијативи се клучни за развојот на нашиот регион и мој приоритет е да создадеме услови младите да останат тука, да се развиваат, да создаваат и активно да учествуваат во животот на своите заедници. Во таа смисла и заедничката работа на стратегијата за млади треба да биде документ кој ќе произлезе од нивните реални потреби, визии и предлози.

Верувам дека ова вмрежување е само почеток на една силна регионална младинска приказна – четири општини, една генерација млади и заедничка визија за иднината.”

-напиша на социјалните мрежи во врска со денешната средба со младите од младинските совети во Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот