БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Време е фениксот повторно да се издигне од пепелта за да стане лав!

Пренеси го гласот

Инфлација од над 10% на годишно ниво во корелација на мала стопанска продуктивност, погрешна макроекономска политика на државата и интензивен одлив на работоспособно население во странство е рецептот за уништување на оваа држава!

И не! не го кажувам ова за да ширам паника, туку како реална констатација која што треба да не освести како народ и држава за да почнеме да ги менуваме работите на подобро.

Колку подолго се пролонгира ваквиот тренд, толку потешко ќе биде да се излезе од вртлогот на оваа општествена агонија на граѓаните.

Потребни се темелни промени кои на долг рок ќе донесат промена на трендот на опаѓање на вредносниот систем во Македонија. Тие промени нема да се случат преку ноќ, радикално… Кој тоа го ветува само шири штетен популизам и дополнително ја внесува државата во неизвесност.

Промените мора да бидат креирани на релативно конзервативен начин:

-промена на тековни политики,

-неприкосновено практикување на демократските принципи на односи во државата,-владеење на правото,

-многу работа, труд и знаење,-приоретизација и поддршка на здрави и функционално-одржливи економски дејности,-реинвестирање на создадената вредност во повторен одржлив циклус на создавање на нови вредности,

-Широк инвестициски циклус во инфраструктурни проекти од страна на државата кои што пресметано и фокусирано ќе имаат улога на враќање на финансии инвестирани во нивната реализација на среден и долг рок,

-внимателен баланс на јавниот долг на државата со реален програмски план за негово стабилизирање и постепено намалување,

-реструктурирање на јавниот сектор во резултатски ориентиран систем на негова операбилност со главен акцент на социјалниот аспект на влијание но и продуктивноста како главна цел за остварување на модерен и динамичен државен апарат како вистински сервис на граѓаните.

Потребни се нови политики, нови луѓе, нова енергија на клучни позиции во државата, ослободени од прагмата и товарот на сите минати медиокритетски штетни влијанија и штетни навики и пракси.

Македонија има луѓе, има знаење, има енергија.

Потребен е широк општествен фронт за поддршка на таа нова политичка платформа која ќе го забави-запре овој слободен пад во кој се наоѓа македонското општество, за во догледно време да почне да го живее својот нагорен тренд.

И секако првенствено и доминантно со свои сопствени сили, волја и визија, неизбежно во поддршка на своите меѓународни пријатели и партнери.

Креирано од:


Пренеси го гласот