Денешниот голем православен христијански празник Св. Атанасиј Велики во селото Оризари, кочанско се празнува со особена почит и пиетет. Овој празник е заштитник на жителите на селото Оризари во чија чест имаат изградено свој преубав црковен храм каде се чествува овој празник. На денешносто чествување помеѓу верниците кај црквата Св. Атанасиј Велики беше присутен и градоначалникот Љупчо Папазов заедно со пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски
“Во текот на денешниот ден, покрај сите обврски, доследни на духовното и културно наследство, градоначалникот Љупчо Папазов и пратеникот Зоран Коцевски го посетија верскиот храм во населба Оризари, Кочани, на големиот празник Св.Атанасиј Велики (Танасовден летен) каде настапија со свој удел, Ф.А. „Љупчо Сантов“, Оризари во црквата Св. Атанасиј Велики во Оризари и беа дел од големиот собир на граѓани (досега невиден) се со цел подигање на духовните вредности на Македонците.”
-информираа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани
HTML Image as link
НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип