Македонското поп дуо ДНК има нов хит. Во овие меланхолични денови што се чини завлегнале во сечиј Македонски дом. Панчо и Андреј влеваат нова доза на позитивно расположение што се почесто станува реткост на Македонската музичка сцена.
Видео записот за песната “Ваков Таков” беше објавен на социјалната мрежа јутјуб каде има забележителен број на прегледи за едно деноноќие.
На песната им гостува “Young Dady”. Музиката е на Панчо кој ги напиша стиховите заедно со гостинот.
Мастерингот на песната е направен во Лондон, додека продукцијата е на Лазар Цветковски/LCV Studio.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сѐ е подготвено за концертниот јубилеј на ДРИМ ТИМ – 25 ГОДИНИ МУЗИКА
Сите што пропуштија да земат билет за првиот распродаден концерт на Суперхикс, еве нова можност со втор закажан концерт
Многу турбо фолкери од соседството ќе му завидат на изведбата на “Јовано, Јованке” на овој колумбиски бенд