Денеска на последниот ден од предизборната кампања во вториот круг од локалните избори, Љупчо Папазов- кандидат за градоначалник на Општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за Македонија” излезе во јавноста со свое завршно видео обраќање до граѓаните во Кочани.
Во продолжение интегрално го пренесуваме неговото видео обраќање:
“Почитувани сограѓани, промените започнаа во цела Македонија, неминовно ќе се случат и во Кочани. Никакви манипулации и притисоци од страна на власта во заминување тоа нема да го спречат. Останува само уште еден чекор до новата иднина. Во недела излезете масовно на гласање и дајте силна поддршка на проектите со кои одговорно обезбедуваме модерен развој на Кочани. Драги кочанчани, вие сте силата која создава подобра иднина. Ајде заеднички да ја оствариме целта. На 31-ви излезете и одберете промени, проекти и нови победи.
Гласајте и заокружете број 7 за просперитетно Кочани.
Ви благодарам.”
-соопшти Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на Општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Книгата на жалоста преместена во кочанскиот храм
Христијан Мицкоски во знак на почит се потпиша во книгата на жалост во Кочани
Отворена книга на спомени за покојните ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани