БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Жителите на населбата Автокоманда во Штип конечно го дочекаа новиот асфалт

Пренеси го гласот

Општината Штип предводена од градоначалникот Иван Јорданов целосно е ставена во погон со главен фокус на капиталните инвестиции за обнова и изградба на инфраструктурата за жителите во сите населби во општината. Деновиве експресно финишираше реконструкцијата на улицата Астибо во штипската населба Автокоманда на повеќе позиции со нанесување на нов асфал кој што значително ќе го подобри квалитетот за живот за граѓаните кои што живеат и гравитираат во овој дел од градот. Реконструкцијата на улицата е направена после долги години барања од страна на граѓаните на кои што претходните раководства беа глуви, а со буџетирањето за оваа година беше ставена во програмата за реализација на градоначалникот Јорданов.

Реализацијата на овој значаен проект за штипјани се направи во рамки на пошироката акција на општинските власти за реализација на поголем број на проекти со кои што јавната инфраструктура во Штип ќе добие сосема нов квалитет на функционалност.

“Пролетната градежна офанзива ја продолжуваме со силна динамика!

Деновиве го завршивме асфалтирањето на дел од ул. Астибо. Во наредниот период интензивно ќе пристапиме кон подобрување на инфраструктурните услови во сите населени места во нашиот град.”

-најави градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Креирано од:


Пренеси го гласот