На Светскиот економски форум во Давос само 3 дена откако беше инаугуриран, со видео пренос се обрати Претседателот на САД Доналд Трамп.
На видео преносот зад Трамп беше прикажан грбот на Претседателот на САД кој што се состои од орел кој што во едната канџа држи маслиново гранче кое што е симбол на мирот а во другата канџа држи сноп од стрели. На грбот кој што беше поставен зад Доналд Трамп орелот беше свртен кон канџата која што држи стрели.
Изгледот на грбот на Претседателот на САД се уредува со Извршни наредби.
Во 1916 година тогашниот Претседател на САД Вудро Вилсон ја издал Извршната наредба бр. 2390 во која се уредува изгледот на грбот на Претседателот и во која се вели дека погледот на орелот е свртен кон страната на која орелот држи стрели што означува состојба на војна. Само 11 месеци подоцна САД се вклучија во Првата Светска Војна.

Во 1945 година Претседателот на САД Хару Труман ја издал Извршната наредба бр. 9646 која де факто ја отповикува претходно издадената Извршна наредба 2390 на Вудро Вилсон. Во Извршната наредба на Хари Труман погледот на орелот на претседателскиот грб е свртен кон канџата која држи маслиново гранче што означува мир.

Три дена по инаугурацијата на Трамп неговото прво појавување на меѓународната сцена е пред претседателскиот печат на кој орелот е свртен кон страната со сноп од стрели.
Ваквата симболика која што е особено важна за Соединетите Американски Држави укажува дека на светот му претстои голем светски воен конфликт а САД повторно ќе играат клучна улога во истиот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ за нова светска војна?
Интерес на воената индустрија на САД за инвестиции во Македонија