БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започна процесот за заштита на македонскиот рубин – национално богатство единствено во Европа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес, по иницијатива и залагање на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, започна сериозен институционален процес за заштита на македонскиот рубин – геолошки уникат што се наоѓа единствено во Прилеп и Мариово и е единствениот рубин во Европа кој природно се вади и обработува.

На состанокот меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Геолошкиот завод и Заводот за индустриска сопственост беа дефинирани конкретни чекори за да се обезбеди официјален статус на македонскиот рубин како заштитено национално минерално наследство. Геолошкиот завод ги запозна присутните со веќе изработената анализа за правната заштита, која ќе биде надополнета согласно новите податоци, а дополнително беше истакната и потребата од поширока институционална координација.

На средбата присуствуваше и долгогодишниот промотор на македонскиот рубин, Деко, кој ја пренесе историјата и значењето на секој примерок изработен со овој исклучителен камен.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Министерката Сања Божиновска порача:

„Македонскиот рубин, единствен по своето потекло и својства, заслужува институционална заштита и признавање како национално богатство. Ова е само почеток на поголем процес на заштита, вреднување и меѓународна промоција на македонското минерално богатство – како дел од националниот идентитет и нашата природна гордост.“ Рубинот што се вади во Македонија е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја, која се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово, што го прави единствен природен рубин во копнената Европа кој се обработува локално. Покрај својата естетска и колекционерска вредност, тој претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и националната гордост.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace