Дел од населбите во Кочани моментално се без вода за домаќинствата поради настанат поголем дефект на главен доводен цевковод со дијаметар на цевките од ф250. Екипи на ЈКП “Водовод” Кочани веднаш излегоа на терен при што се работи на санирање на состојбата.
“
Известување за настанат дефект на главен цефковод f250
Екипите на сектор Водовод и канализација во моментот работат на отстранување на настанат дефект на главен цефковод f250 на ул. “Стамен Манов”.
Поради настанатиот дефект без вода во моментот се населбите Усова Чешма, Трајаново Трло и Оризари
![]()
![]()
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.”
-информираа од ЈКП “Водовод” Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември