Поради прекин во напојувањето со електрична енергија во дел од Битола, аргенстинскиот композитор и пијанист Маурицио Анунциата, својот пијано рецитал го започна под светло од свеќи и мобилни телефони.
Неочекуван и необичен концерт, но професионално изведен од страна на пијанистот . Присутните го поздравија со долг аплауз и почит кон неговиот талент и вештина да направи магија иако условите не му го дозволиле тоа. Безпрекорно ги изведе делата од Алберто Вилијамс, Енрике Гранадос, Франц Лиц, како и „Двете страни на Буенос Аирес“ и Пијано соната бр.8 „Македонија“, овозможија исклучителен концерт, преку кој уште еднаш се потврди неговата професионалност и маестралност.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“
Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји
МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА COP31 ВО ТУРЦИЈА