БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка по повод денешниот празник до сите граѓани од градоначалникот на Виница Миле Петков

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод денешниот државен и православен христијански празник посветен на Св. Климет охридски, градоначалникот на општина Виница упати честитка до сите граѓани на Виница како и сите православни христијани.

“Почитувани сограѓани, дозволете во мое лично име и во име на Општина Виница, на сите православни христијани да го честитам денешниот голем државен и христијански празник Св. Климент Охридски.

На овој празник го славиме ликот и делото на големиот словенски и македонски просветител, кој бил еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Свети Климент бил основоположник на Охридската книжевна школа, честопати именувана како првиот балкански и европски универзитет, низ којашто минале околу 3.500 ученици.

Македонската православна црква Св. Климент Охридски го слави како свој патрон празник и истовремено го смета за основоположник на македонската црковна и народна духовност.

Нека ни е честит празникот Св.Климент Охридски – ден на просветителството и духовноста!”

-стои во честитката на градоналникот на општина Виница Миле Петков.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace