Снегот на планината Голак секогаш е вистинска атракција за делчевчани но и пошироко во регионот. Потенцијалот кој што со себе го носи оваа природна планинаска убавица во сите годишни времиња, гарантира зголемен и одржлив економски развој на полето на туризмот и нови работни места, но изостанува фокусот на надлежните за ваквата претпоставка.
Изминатиот викенд голем број на посетители можеа да се забележат во Туристичкиот локалитет Голак како уживаат во зимските снежни убавини на самата планина.
Проблемот за развојот на Туристичкиот локалитет Голак лежи пред се во неможноста на институциите да се справат со основните предуслови и проблеми кои што се присутни во самиот локалитет. Првенствено станува збор за континуирано одбегнување за решавање на имотно-правните односи со предвидените парцели за изградба на викенд населбата од страна на надлежните иституции пред се општина Делчево и ЈП “Национални Шуми- Голак Делчево”, безидејноста и неможноста да се стави во функција постојниот објект на поранешното детско одмаралиште, но и недостиг на задоволително количество на квалитетна вода за самата населба. Решението на овие три основни проблеми чини завиден износ на пари, но потенцијалот кој го нуди планината на долг рок гарантира поврат на овие сретства со одговорно, посветено и професионално менаџирање на процесот за решавање на овие спомнати проблеми.
Во 2014 и 2015 година од страна на владини институции беа изготвени технички документи за изградба на Ски патека во самиот локалитет, репрезентативен угостителски објект- Бачило кои што какко капитални објекти требаше да допринесат за локалниот и регионалниот економски развој и реализација на нови директи и индиректни вработувања.
Во 2014 и во 2016 година во два наврати се заврши целосно реконструкцијата на регионалниот пат Делчево- Голак кој води низ туристичкиот локалитет до самиот врв Чавка, беа мапирани и уредени повеќе пешачки патеки и една кружна велосипедска патека но потоа се застана со конкретните активности на терен. Исто така беше реконструиран и мултинаменскиот спортски терен во самиот туристички локлитет Голак.
Во изминатите неколку години состојбата со одржувањето на регионалниот пат Делчево-Голак е загрижувачка од причини што надлежното претпријатие “Државни патишта” соодветно не ги одржува земјените банкини и одводните каналетки, чија што запуштеност овозможува постепено деградирање на носивиот тампонски слој на патот.
Актуелниот градоначалник Горан Трајковски повеќе пати јавно ветуваше инвестиции за Голак но до ден денес нема никаква најава во јавност за било каква реализација.
Исто така во неколку наврати актуелниот градоначалник Трајковски информираше дека има заинтересирани инвеститори за да инвестираат во Туристичкиот локалитет Голак, што повторно до ден денешен се само празни политички флоскули.
.
Планината Голак како и граѓаните на Делчево заслужуваат свој зимски туристички центар по примерот на модерните туристички центри во регионот не само во Македонија. Со развојот на туризмот на планината Голак но и развојот на останатите туристички потенцијали можат Делчево и поширојиот регион да го направат пристојно место за живеење, атрактивна дестинација за динамични општествени процеси и место каде што ќе се нудат широк дијапазон на економски производи за остварување на одржлив раст и развој на општината.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани