БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градската депонија во Кочани постојано гори. Надлежните не го решаваат проблемот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

На социјалните мрежи беа објавени фотографии од градската депонија за комунален отпад во Кочани на кои се гледа запрепастувачки густ чад како се крева над ѓубриштето.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Кочани Гоце Марков ги прозва локалните власти во Кочани да ги вклучат мерните станици за загадувањето на воздухот, притоа алармирајќи дека има граѓани на општината кои се директно погодени од негрижата на надлежните. Притоа алармира дека жителите на селото Бали се први на удар.

Вклучете тоа мерните станици!
Има погодени жители од оваа негрижа…с.Бели-први на удар!
Срамота!

-напиша Гоце Марков на Фејсбук.

Дополнително од ВМРО-ДПМНЕ од Кочани информираат дека според непревзимањето на конкретни активности со цел за надминување на проблемот, надлежните власти не се заинтересирани за решавање на овој проблем кој се пролонгира подолг временски период.

Креирано од:


Пренеси го гласот