“Дивјачкиот меч на Конан: Култот на Кога Тан”
ЦРНО БЕЛО ИЗДАНИЕ НА МАРВЕЛ: Duggan, Carney, Isanove
(Генерален преглед на содржината и графичките елементи)
Станува збор за графичка новела во која е обработена добро познатиот судир меѓу Конан и мистикот Кога Тан инспирирана од делото на Робер Е. Хауард.
-Кратко резиме на приказната
Античкиот култ на Кога Тун е мистично богатство. И во него се зборува за единствениот човек кој може да го спаси Хиборијанското доба! Но, Конан е во морето без храна и без оружје. Сигурно го чека смрт. Но, со помош на Кром, варваринот со лавовско срце не е толку лесно да се покори и потклекне на ситуацијата! Иако Конан е заробен, од страна на пиратски екипаж тој ја манифестира својата физичка надмоќ во крволочна пресметка со пиратите. Но во урнатините на својот пеколен триумф ќе открие мрачни тајни кои ќе го одведат на трагата на античко богатство што може да се покаже како причина за негово сопствено уништување!
Назад на брегот на Стигија, магичен водич го насочува Конан кон страшната цивилизација – но ќе му бидат потребни сета негова сила и памет за да се пробие низ разурнатиот град што го чека на тој пат. За да стигне таму, Конан мора да го преживее смртоносниот култ на мистикот Кога Тун!
-Графичка компресија која нуди визуелен меѓупростор на дејствието и раскошот на замислениот свет на Роберт Е. Хауард
Графичкиот израз на Рон Карни кој е автор на илустрациите во внатрешноста на графичката новела и Алекс Рос кој што е автор на насловната страна, е дотолку конкретен што може да биде совршена графичка подлога за филмска екранизација на оваа епска приказна за нашиот стрип јунак Конан. Дејствието и движењето но и портретирањето на ликовите е направено со темелна суптилност без прекумерно замарање со детали. Графичката обработка е направено доволно толку колку што е потребно за да биде монументална. Нијансирањето и сенките одразуваат достоно ниво на тродимензионалност што дава чувство на филмска перцепција и наратив.
-Генерален заклучок
Ова парче светкава хартија претставува мало богатство во колекцијата на секој пасиониран стрип колекционер, особено во доменот на “меч и магија” жанрот. Често се навраќам на страниците на оваа графичка новела, имајки предвид дека нуди своевиден ресет од сите глупости кои ги наметнува деградираниот општествен кенеф.
#стрипарт#conan#robertehoward#marvelcomic
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мимоза Рајл: Зошто Никола Тесла во уметноста?
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Заборавен од своите соиграчи