Локалниот младински Совет на Општина Кочани во соработка со волонтерите од Општинската организација на Црвен крст – Кочани, во петокот во Градскиот Парк во Кочани реализираа показна вежба за укажување на прва помош, со цел прикажување основни техники за укажување на прва помош во животозагрозувачки ситуации и доближување на првата помош до младите генерации.
На вежбата присуствуваа ученици од основните и средните училишта од општината, кадешто обучени волонтери укажуваа и прикажуваа техники на прва помош на симулирани случаи на повреди.
Првата помош е животоспасувачка техника која се укажува во случај на животозагрозувачка ситуација поради што од ЛМС – Кочани истакнаа дека симулациската вежба е од корист за младата популација.
HTML Image as link
НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип