Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска беше во работна посета на жителите на Свети Николе и во Штип.
На средбите со граѓаните како и со партиските членови и симпатизери поранешниот Министер за транспорт и врски имаше можност да се запознае со текот на проектите кои ги остави претходната влада за реализација за овој период, меѓутоа и да се запознае со секојдневните предизвици на граѓаните и нивните тековни потреби.
Во Свети Николе нема капитални инвестиции иако се ветуваа градинки, се ветуваа спортски сали, се ветуваа многу проекти за цело Свети Николе. Но исто како Владата на Република Македонија, така и локалната самоуправа апсолутно не прави ништо.
Дефинитивно оваа Влада ќе биде запаметена како најнеспособната Владата во Република Македонија. Но своите пипци Владата ги пуштила и во локалната самоуправа. Може да видиме дека апсолутно нема ниту еден проект, апсолутно слушаме дека постојано нешто ќе се направи, но за жал на терен нема ништо.
Капиталните инвестиции во Република Македонија се на едно мизерно ниво. СДСМ е Влада која многу ветува, а ништо не прави.
Ние мора да го кажеме својот глас, да го подигнеме својот глас и народот да не слушне дека ние како ВМРО-ДПМНЕ она што ќе го ветиме навистина ќе го исполниме, а не како оваа власт постојано само да лаже.
-изјави Мисајловски од Свети Николе.
Тука во Штип исто така може да видиме дека иако се фалат со многу проекти нема ништо. Капиталните инвестиции во Република Македонија се на едно минимално ниво.
Можевме да ја слушнеме пред извесно време се фалеа со локалната самоуправа дека направиле дури 1000 метри локален пат. Или народски кажано направиле еден километар локален пат и се фалат како некој епохален напредок да направиле тука во Штип.
Тие се навикнати да играат чочеци, но изгледа оваа година нема да има ништо. Очекуваме дека следната година ќе го пуштат во употреба модерниот автопат од Скопје до Штип. Бидејќи тој проект е за Скопје, односно за Штип. Овој проект е еден од најважните и најдобрите на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така ВМРО-ДПМНЕ го започна проектот експресен пат од Штип, Радовиш до Кочани, но за жал многу слабо се работи или ништо не се работи.
-нагласи Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на штипјани.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски