Осудените за тероризам од страна на државата СЕВЕРНА а за Македонскиот народ уставобранители, добија рок од три дена секој од нив да плати над 2 илјади евра за судски трошоци.
Преписката од Основниот кривичен суд во Скопје до осудениците не случајно се упатува во овој период. Ваквата репресија врз уставобранителите кои се задолжени во рок од 3 дена да платат над 2 илјади евра кои најголемиот дел од нив ги немаат затоа што се во затвор веќе 5 години има за цел да шири во јавноста страв и закани од терор на репресивниот апарат на северна врз сите кои што се спротивсавуваат на актуелната васт и нивните намери да го менуваат уставот повторно по мерка на Бугарија.
Во дописот испратен до Горан Ангеловски стои дека доколку не ги исплати бараните пари, санкцијата може да се замени со дополнување на казната за издржување затвор.
“ЈА НЕ СУМ МИЈАЛКОВ НЕМАМ НИШТО УКРАДЕНО ОД КАЈ ДА ВИ ПЛАТАМ?!
129.796.00 +5.000 денари ,доколку не ги платиме следува затвор !
Ајде дотурете уште некоја година ,наситете се
“
-стои напишано на фејсбук страната на Горан Ангеловски- Ќосето во прилог на документот кој што му е доставен.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Имаме големи планови за изградба на нови експресни патишта, меѓу кои и нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија
Драган Ковачки: Вечна му слава на Претседателот Борис Трајковски
Објава за изгубен Родовник