БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виница ќе добие реконструирана сала при Дом на култура Тошо Арсов

Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Виница Миле Петков ја информира јавноста дека наскоро ќе започне реконструкцијата на т.н. Сина сала при Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница.

Станува збор за инвестиција од над 11.7 милиони денари сретства обезбедени од Центарот за развој на источниот плански регион и Буџетот на општина Виница.

👉 Денес е распишан огласот за јавна набавка за Реконструкција на Сината сала при Дом на култура „Тошо Арсов“-Виница. Овој проект е дел од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година на Источен плански регион.

⏱️ Проектот со кој ќе се изврши целосна реконструкција на Сината сала со која ќе биде опфатено нов систем на вентилација, ладење и греење, замена на столаријата и санитарните чворови, како и осветлување и озвучување на истата, треба целосно да заврши до 15.09.2023 година.

💶 Проценетата вредност на овој проект е во износ од 11.774.025 денари без вклучен ДДВ, од кои Општина Виница ќе учествува со 10%.”

-информираше градоначалникот на општина Виница Миле Петков.

Креирано од:


Пренеси го гласот