Многумина прашуваат зошто холандските земјоделци протестираат, па да објаснам зошто денес во Холандија, за 10 година во Србија, некому можеби при креирањето на долгорочни планови тоа ќе му биде од корист.
Значи станува збор за екологија. Воведувањето на новите стандарди за автомобилите на бензил и дизел горива, како и електрични, Холандија максимално го исчисти својот воздух, почист е за 10 пати повеќе од Србија, така што, што се однесува на сообраќајот овде нема што да се подобрува. Исто така има еколошка струја, ветерници и соларни панели а и климата е многу попогодна отколку кај нас, па никој не загадува низ оџак. Валканата индустрија која загадува ја препуштија на земјите од третиот свет. Со тоа земјоделството остана единствена област која загадува и тие (холанѓаните) сега ќе го сузбиваат земјоделието, поконкретно сточарството. Законите постојано се заоструваат, говедата и овците ретко се држат во затворени простории и ретко се хранат со концентрат, туку се 365 денови на ливада. Да се вратам на проблемот- законите се брзо менуваат- пред 20 години земјоделците вложиле огромни пари во објекти и опрема за сточарство, а сега им се забранува тоа да го користат. И земјоделците не би протестирале доколку во целата ЕУ е тоа случај, но на само 100 километри од холандската граница во Германија, тие закони се уште не се донесени, па процесот на одгледување добиток е либерален. Дури и во самата холандија нема единствен закон туку општините решаваат од случај до случај кој земјоделец колку фобиток може да одгледува. Сопственото производство се сузбива, а потоа млекото и месото се увезуваат од други држави. Земјоделците во Холандија не се против да се сузбива загадувањето а со тоа и земјоделието, туку бараат тоа да се дефинира повеќе години однапред, па луѓето да не вложуваат пари во она што во иднина ќе се сузбива, како и да се усогласи сузбивањето во цела ЕУ. А не во некои земји во ЕУ да има сузбивање по овој основ а во други земји тоа да не биде случај.
И сега во тој нивни менталитет има што да се научи:
Ти на пример си добил дозвола да одгледуваш одреден број на добиток кој ти сосема одговара, а комшијата добил помал број. Комшијата го пали тракторот и оди на протест и ти исто така го палиш тракторот и идеш на протес со него за да го поддржиш комшијата, иако конкретната ситуација не те засега, а утре кога ти би имал проблем, тој (комшијата) ќе дојде да те поддржи тебе исто така. Дури тоа иде уште понатаму што и германските земјоделци ги запалија тракторите и излегоа на протест во поддршка на нивните холандски колеги, без обзир на тоа што во Германија се уште не се донесени ваквите рестриктивни закони и холандскиот закон им го проширува нивниот пазар за нивните германски производи. Но знаат дека многу бргу во иднина мечката ќе заигра и во нивниот двор а холандските земјоделци ќе ги запаметат нивните сегашни постапки па ќе ја вратат услугата на своите германски колеги кога ќе дојде време. Затоа тие се богати и успешни а во Србија земјоделците се слаби поради гледање на сопствената работа и негрижата за проблемите на комшијата или дури поради ставот “на комшијата да му цркне козата”.
Кога полјоделците излегле да ги поддржат сточарите или обратно?
Затоа ситуацијата е таква каква што е!
Превземено од фејсбук.
(Ситуацијата во Македонија е слична или дури полоша)
Продолжува: Паметно земјоделство и добросостојба на животните кои се одгледуваат во фармите во Македонија и пошироко
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Предупредување до сите што градат незаконски: Започнува строго контролирање на бесправната градба!
Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце