Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска на лице место во една од повисоките населби на градот изврши увид на градежните работи околу доизградба на улицата “Цвета Јованова”.
Истовремено во свое соопштение до јавноста Градоначалникот Јорданов информираше дека во текот на оваа недела ќе бидат комплетирани градежните работи на вкупно 6 улици, со што граѓаните кои гравитираат кон тие делови од градот ќе добијат подобри услови за живот.
“Решаваме долгогодишни проблеми на граѓаните на нашата општина!
HTML Image as link
НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
На улицата “Цвета Јованова” ѝ недостигаа уште неколку метри, за да има комплетен изглед. Тоа го овозможуваме со нешто повеќе од 500.000 денари општински буџет, а парите на граѓаните ќе ги насочиме и кон асфалтирање на уште неколку улици во нашиот град. Во текот на оваа недела ќе ја уредиме патната инфраструктура на вкупно 6 улици во Штип, а во таа насока ќе се движиме и во наредниот период во текот на оваа календарска година.”
-соопшти Градоначалникот Иван Јорданов за јавноста.
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”