Сите големи цивилизации со цел нивен идентитет и вредности треба изумрат, да бидат уништени, за да се роди новиот светски поредок каде обезличени човечки дронови треба да им служат на глобалните центри на моќ.
А Македонија дефинитивно е една од најголемите светски цивилизации кои воопшто постоеле чиј спомен денес живее меѓу народот во оваа наша држава.
Погромот кој што денес се случува од страна на немакедонци во соработка со македонските изроди врз Македонскиот идентитет и постоење е дел од таа глобалистичка нео-колонизаторска наезда која се случува во целиот свет.
Немој да бидете скептици дека некој од надвор ќе дојде за да ви подари подобар живот и иднина!
Подобар живот и иднина за Македонецот е епизодна придобивка која во историјата следувала после долга борба и многу жртви. Не е апстрактно да се каже дека нападната е слободата, слободаскиот дух на Македонскиот идентитет, на нишан е вечната борба за подобро утре. Тој напад на слободата на Македонскиот народ се гледа низ секојдневни факти и развој на околности:
Тогаш кога еден Македонец заминува да работи на лозје во Швајцарија, Италија, Франција за грст пари… тоа е напад на слободата…
Тогаш кога еден Македонец живее од социјална помош финансирана од задолжување на властите кон странски банки- тоа е напад на слободата…
Тогаш кога идеш да го кодошиш блискиот комшија, пријател, познаник за грст пари… тоа е напад на слободата!
… и безброј вакви прилики!
А како најлесно можеш да уништиш еден горд и достоинствен народ?
Кога помеѓу народот ќе пуштиш лажи пророци, демагози рамо до рамо со торбари кои во своите торби носат грст сребреници за да ја купат душата на оние желните за слава, привидна моќ и лажно богатство.
Богатството на Македонецот е неговото семејство, неговиот комшија со кој е скаран но сепак е тука за добро и лошо.. богатството на Македонецот е неговото село кое му завидува за секој негов успех а потајно работи истиот да го минимизира и деградира…
Опкружен со такви богатства Македонскиот народ е предодреден на вечна борба и во зенитот на секоја битка д стане сам-свој херој за гордост на генерациите кои доаѓаат.
Споменот на секој еден херој од Македонската историја е создаден од страдање, од борба за гол живот и преживување на него самиот и неговите најблиски….
Македонската револуција е вулкан кој еруптира тогаш кога е најпотребно, кога веќе подолу од дното не може…
Денеска се уште не е дојдено тоа дно! А кога ќе дојде тогаш ќе биде касно…. Светските апатрити чија што татковина, идеологија и единствена вредност се парите кои сами си ги печатат добро го имаат дефинирано профилот на борбен дух на секој еден горд и достоинствен народ ширум светот. Тоа иако не сакаме да го признаеме, се случува и ден денес, каде на секој еден мал отпор за било која Македонска работа, тие изнаоѓаат начин како да си го истераат својот пат кој го имаат зацртано пред повеќе децении, векови…
Битката за опстој на Македонија и се она што значи Македонски идентитет и постоење не е битка од денес за утре, еден човечки век е малку за да се извојува значајна битка во оваа светска џунгла.
Затоа единственото оружје кое што има вистинска убоита моќ против сите непријатели на Македоското постоење е чистата и света мисла која има способност да се пренесува од генерација на генерација во најразличен облик и формат.
Денес е наше време за да ги соопштиме тие идеи за да проѕвонат во вечноста.
Само така Македонија опстоила со милениуми- со идеи вредни за преповторување!
Македонија и Македонизмот ќе постојат многу после нас…Наше е да ја пееме својата песна а музиката ќе си го најде својот слушател затоа што тоа е она вистинското за кое вреди човек да живее.
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Комунизам преку анархија сака повторно да се наметне како фактор во државата
Зрелоста на раководството и професионалноста на полицајците не дозволија ескалација на меѓуетнички односи кои ретроградни структури ја посакуваат
Крвави пари- Компании кои профитираат најмногу од бесконечната војна (Втор дел)