Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Мисијата на Димитар Апасиев

Пренеси го гласот

Мисијата на Димитар Апасиев е да ги прибере кај себе сите радикални и енергични структури, сите револтирани и незадоволни поединци од политичките прилики во изминатите години, како и сите југоносталгичари на наредните избори, после кои тој пак ќе остане опозиција.

На тој начин огромните очекувања на овие таргет групи ќе бидат угнетени и разводенети како неостварливи во име на т.н. раст на Левица во периодот кој што ќе претстои.

Младешкиот бунтовен дух кој што ќе биде дампиран со овој слуга на надворешни политички центри на моќ, неповратно ќе се изгуби за цела една генерација.

Со тоа се постигнуваат три ефекти:

-СДСМ ќе може да направи нова влада со албанските измеќари во Македонија со што ќе продолжи бандитизмот, неправдата, репресијата, криминалот и грабање на сите можни ресурси со кои располага овој народ а во негово име ваквата влада;

-пополека ќе изумира и онаа трошка надеж што остана за опстанок на Македонија каква што беше пред промената на името и устоличувањето на Зоран Заев на власт од неговите странски газди;

-Македонија ќе продолжи да биде експозитура за поткусурување на странски регионални и глобални инттереси додека народот ќе продолжи да умира во својот индуциран егзодус на чистење на оваа територија од Македонци.

Како против ваквото сценарио?

*Слушање внимателно на сите демагошки пораки кои ќе бидат упатени во наредниот период од сите политичари кои ќе влезат во политичка трка за место во парламентот;

-Проекција на индивидуално ниво за сите можни сценарија за објективен политички расплет во блиската иднина и изнаоѓање на најоптимални чекори за остварување на вистински стратешки реформи во интерес на сите граѓани;

*Обединување зад една силна политичка структура која што ќе добие легитимитет да ги брани интересите на мнозинството граѓани и доследно инсистирање на спроведување на вистински народни политики за опстанок на она што остана и развој на вистинско демократско општество кое ќе обезбеди подобри услови за живот за сите граѓани.

Ваквата политичка опција не може и не смее да биде ограничена на теснопартиски политики туку вистинска граѓанска платформа која кај себе ќе обедини голема дивезификација на граѓани со различни идеолошки преференци.

Целта од добивање на 62+ пратеници во собранието на една ваква политичка сила ќе гарантира две работи:

-Пад на најштетната и најненародната власт во современа Македонија

-Воспоставување на темели на долгорочна стабилност во Македонија со цел за развој на сите сфери во општествениот живот во Македонија со крајна цел зголемување на силата на МАКЕДОНИЗМОТ како идеја за турбулентните времиња што претстојат.

Опстанокот на Македонскиот народ, идентитет и култура е вековно прашање и не смее да се гледа како дневна политика од денес за утре, туку тоа е трка за преживување на долги маратонски патеки.

Македонија така опстојала, така постои и така ќе опстои.

Македонија Вечна!

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com