По краткотрајниот дожд кој падна во последното деноноќие во Штип и околината, видливи беа немили ситуации на излевање на фекалната канализација по улиците на самиот Штип.
За оваа несакана состојба која претставува проблем од повеќе аспекти реагираше на социјалните мрежи Координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов.
Неговата реакција ја пренесуваме интегрално во продолжение:
Гумени чизми се задолжителни доколку се движиш по штипските улици. Можеби нема аквапарк и брана ама затоа има поплава по улиците на кои слободно кајче може да се весла. Да се помине на пешачки и да се биде пешак во Штип е вистински предизвик. Ова е таа неспособна локална власт, ај што не знаат да изградат нешто ново, туку и веќе постоечкото не знаат да го одржуваат.
Можеби локалните власти ќе излезат и ќе кажат дека замислата им е Штип да го прават Венеција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево