БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пробиштип повторно ќе еруптира со звукот на рок музиката: Најава за Рудар Рок Фест 2023 година

Пренеси го гласот

Во петок на 25 август по повод празникот на рударите и големиот христијански празник Пресвета Богородица во Пробиштип ќе се одржи најновото издание на Рудар Рок Фест 2023 година. Станува збор за култен фестивал на кој што ќе настапат повеќе рок бендови од Македонската андерграунд музичка сцена кои што на своите плеќи го носат бремето на новите музички генерации.

“Со задоволство сакаме да ви го најавиме деветтото издание на Рудар Рок Фест. Рок настан кој ќе се одржи на повеќенаменското игралиште во Градски парк – Пробиштип на 25 Август (петок) 2023 година во рамките на културните денови по повод 28 Август – Денот на рударите и големиот христијански празник – Пресвета Богородица.

И оваа година се обидовме да ги заживееме основните карактеристики на овој рок настан од претходните години – хард рок музиката и промовирањето на нови бендови од македонската рок сцена. Па така посетителите ќе имаат можност да уживаат во хард рок, панк и метал звуци на нашите изведувачи.”

-соопштуваат од ПР тимот на организаторите на овој значаен музички настан.

“На Рудар Рок Фест 2023 година ќе настапат младиот хард рок бенд PrekuRed , кои скоро го издадоа својот прв албум Хаос. Понатаму, прогресив-рок бендот Beseda Band , победници на последното издание на Лузер Фест. Нашите Прв Ред , во нивниот препознатлив панк-рок стил. По примерот на ланската година и за 2023 повикавме кавер бенд Ashborn кој ќе отсвири големи хитови од историјата на рок музиката. За љубителите на тешките метал звуци за оваа година ги имаме амбициозните MamutOfficial . И за крај се одлучивме да имаме едно истакнато име од македонската рок сцена од осамостојувањето а тоа се алтернативниот рок бенд Last Expedition .

Поздрав со рударското СРЕЌНО! И со задоволство ве очекуваме на 25 во Градски парк – Пробиштип.”

-информираат од организацијата на Рудар Рок Фест 2023 година.

Возобновувањето на култниот рок фестивал единствен од ваков вид во источна Македонија се случи минатата 2022 година кога неколку поединци ентузијасти и љубители на рок музиката направија натчовечки напори истиот да се одржи.

Креирано од:


Пренеси го гласот