БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се одржа прва Ораторска вечер на Општинската организација на Црвен Крст од Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во сабота 10.12.2022 година со почеток во 16.00 часот во Кино салата во Делчево во организација на ОО Црвен Крст од Делчево се одржа првата Ораторска вечер на темата “Јас и Црвениот Крст”.

На почеток на настанот свое обраќање во јавноста имаа Претседателката на ОО Црвен Крст Делчево Билјана Георгиевска како и секретарката Ивана Атанасовска.

Во официјалниот дел на првата ораторска вечер во Делчево настапија девет млади активисти на клубовите на млади на Црвен Крст ширум државата кои се натпреваруваа со свои авторски текстови пред делчевската публика и жири комисијата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Првото место го освои Ивана Гошев од општинската организација на Црвен Крст од Виница.

Второ место освои Сара Ангелова од Општинската организација на Црвен Крст од Делчево

Третото место го освои Ален Милковски од Општинската Организација на Црвен Крст од Куманово.

Благодарници за учество добија Теа Ангелова од ОО на Црвен Крст од Струмица, Ангел Крстевски од ОО на Црвен Крст од Охрид, Андреа Јовановска од ОО на Црвен Крст од Струмица, Александар Ангеловски од ОО на Црвен Крст од Штип, Анастасија Илиевска од ОО на Црвен Крст од Крива Паланка и Ана Арсова од ОО на Црвен Крст од Виница.

На настанот беа доделени благодарници за поддршка на реализацијата на истиот на неколку приватни и јави субјекти од Делчево

Во културно-уметничкиот дел на програмата на настанот настапија членовите на КУД “Гоце Делчев” Делчево, Искра Георгиевска како и Анастасија и Симона Ќурчиски.

За добрата органиација и тек на настанот се погрижија водителките-активисти од ОО Црвен Крст Делчево Мелани Трајковска, Магдална Георгиевска и Андреа Димитровска.

Целиот настан со претставувањето на ораторите/учесници може да го погледнете во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace