БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соопштение за јавноста на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во продолжение го пренесуваме интегрелниот текст на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во врска сокатастрофално лошите состојби во образованието во државата:

“Почитувани,
Владата и министерката за образование и наука, Мила Царовска најавија ефикасен образовен процес, но за жал тоа не се покажа на дело.

Ако успешноста на онлајн наставата е 88% како што тврди власта, тогаш зошто се предлагаат секојдневно различни мерки коишто не даваат никаков резултат за успешен воспитно-образовен процес?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали општините се презадолжени или пак ги пренамениле средствата за нешто друго претходно или пак ги потрошиле, па немаат доволно средства за да се обезбеди греење во училиштата?

Дали навреме не се извршени набавки за гориво за греење во училиштата?
Дали ова значи дека некои училишта имаат можеби блокирани сметки?

Дали ова значи дека нема основни услови за работа во училиштата и нема парно греење во нив?

Кој ќе биде одговорен за ова?

Дали сега по 8 месеци е време да се размислува во некои училници да има парно греење, а во некои да нема?

Каде сѐ се потрошија средствата за образование наменети за греење во изминатиот период?

Дали во ладни училници наставниците ќе одржуваат средби со учениците согласно вчерашното упатство за оценување?

Нели, јавното здравје е заедничка одговорност?

Со СДСМ и Царовска учениците, просветните работници и родителите се оставени сами на себе.
Власта и Царовска треба да понесат одговорност за хаосот во образованието.”

https://www.facebook.com/111454403558505/photos/a.117725589598053/387872445916698/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace