БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали СДСМ Виница намерно се залага за урнисување на работењето на ЈП “Солидарност” Виница?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Централната власт предводена од СДСМ и ДУИ ги поскапува енергенсите а општинската организација на СДСМ во Виница се залага за работење со загуба на ЈП “Солидарност” Виница. Вака накратко може да се извлече резиме за делувањето на СДСМ Виница на локално ниво чии што активисти бараат да останат истите цени на јавните услуги на јавното претпријатие за чие извршување е потребна електрична енергија, нафта и нафтени деривати чии што цени вртоглаво поскапуваат под диктат на владеачката СДСМ.

Општинската организација на СДСМ во Виница на социјалните мрежи се обрати со своја писмена реакција упатена преку социјалните мрежи:

“Прокнижен е прилив на Вашата сметка во износ од 1.00 МКД од ЈП ,,СОЛИДАРНОСТ” Виница, плата за месец мај/2022 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

❌Ова е пораката, драги сограѓани, која вработените на ЈП ,,Солидарност” од Виница ја добија на 04.07.2022 година со која “СПОСОБНИОТ“ директор ги известува дека им пуштил плата за месец мај во износ од НЕВЕРОЈАТНИ 1,00 денар. ❌

Да, добро прочитавте: 1 (еден) денар.

Пред само неколку дена директорот, поддржан од УО на ЈП ,,Солидарност”- Виница, заедно со советниците од ВМРО ДПМНЕ ги зголемија цените на услугите за 25% (некои и за 100%!!!), а во исто време ги понижуваат вработените со мизерни 1 денар плата.”

-стои во реакцијата на СДСМ Виница.

Притоа од СДСМ Виница обвинуваат за неспособност со таксативно набројување на она што сметаат дека е проблематично во работењето на претпријатието.

Во врска со овие обвинувања своја реакција во јавноста упатија од јавното претпријатие “Солидарност” од Виница

“Не е точно дека на вработените им е исплатено плата од 1 денар за месец мај. Исплатени се придонесите за задолжително пензиско, инвалидско и здравствено осигурување и во текот на оваа или најкасно почетокот на наредната ќе им биде исплатена платата во целост. Впрочем исплаќањето на само придонесите на вработените се случувало и во изминатите години, односно истото е на некој начин промовирано или започнато токму кога градоначалникот и директорот на ЈП „Солидарност“ доаѓаа од партијата која сега обвинува за истото.

Крајно лицемерни се обвинувањата на политичката партија СДСМ кои од една страна обвинуваат дека се понижуваат работниците и се зголемуваат услугите кои ги дава ЈП „Солидарност“, а од друга страна советниците од СДСМ и Коалицијата гласаат против зголемувањето на услугите, притоа не им објаснуваат на граѓаните кои услуги се зголемени. Дека тоа се пред се’ услуги кои ги фактурираме на општината, а се’ со цел да ни помогне(и тоа го прави изминативе неколку месеци) за подобрување на нашата финансиска состојба или услуги кои ги даваме на граѓаните, а истите ги користат многу ретко или никогаш. Во прилог се сите 15 услуги кои имаат корекции на цените пред се поради зголемувањето на цената на горивата, електричната енергија и материјалите за работа.”

-стои во реакцијата на ЈП “Солидарност” Виница како одговор на соопштението на СДСМ Виница.

Во продолжение на својата реакција од јавното претпријатие во Виница ги објавија листата на услуги кај кои е зголемена цената на чинење поради зголемувањето на цената на енергенсите (пред се нафта и струја) наметнати од Регулаторната комисија за енергетика која е дел од централната власт под контрола на СДСМ и ДУИ.

Врз основа на обвинувањата на СДСМ Виница за поскапувањето на услугите од страна на ЈП “Солидарност” Виница и спротивставувањето на советниците на СДСМ во Советот на Општина Виница за корекција на цените поради поскапувањата на енергенсите наметнато токму поради политиките на СДС и ДУИ на централно ниво, се наметнува прашањето дали СДСМ Виница сакаат да ги казнат граѓаните на Виница со урнисување на работењето на јавното претпријатие со намера да го доведат до неликвидна состојба за да не може да ги исполнува своите услуги кон граѓаните?

Други објави за Виница:

Градоначалникот на Виница овозможува соработка во функција на подобрување на животот на младите во општината

Градоначалникот на Виница овозможува соработка во функција на подобрување на животот на младите во општината

Редакција 01 Ное 3, 2022 2 мин читање
Пренеси го гласот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт? Целта на Меморандумот е меѓусебна…


Пренеси го гласот
Изградени тротоари на три локации во општина Виница. Граѓаните добиваат реализација на нивните ветувања

Изградени тротоари на три локации во општина Виница. Граѓаните добиваат реализација на нивните ветувања

Редакција 01 Окт 3, 2022 2 мин читање
Пренеси го гласот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт? “ Предизборните ветувања ги реализираме!…


Пренеси го гласот
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП “Солидарност”

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП “Солидарност”

Редакција 01 Јул 29, 2022 1 мин читање
Пренеси го гласот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт? Продолжуваме со приклучување на корисници…


Пренеси го гласот
Општина Виница распиша јавен повик за заитересирани идни студенти на универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје

Општина Виница распиша јавен повик за заитересирани идни студенти на универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје

Редакција 01 Јул 18, 2022 1 мин читање
Пренеси го гласот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт? Заинтересираните кандидати да се пријават…


Пренеси го гласот
Голема демократска придобивка: Преноси во живо од работата на Советот на општина Виница во интерес на сите граѓани

Голема демократска придобивка: Преноси во живо од работата на Советот на општина Виница во интерес на сите граѓани

Редакција 01 Мај 30, 2022 1 мин читање
Пренеси го гласот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт? “За отчетна, транспарентна и одговорна…


Пренеси го гласот

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace