Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов ја информираше јавноста дека Советот на општината донел одлука за помош во износ од 100.000 денари за луѓето на постраданите подрачја во неодамнешните катастрофални земјотреси кои што предизвикаа голем број човечки жртви во Турција и во Сирија.
“Советот на општина Карбинци на денешната вонредна седница донесе едногласна одлука да го прифати предлогот на Виктор Паунов – Градоначалник на Општина Карбинци за помош на Турција по земјотресот кој ја зафати земјата.
Во знак на солидарност, општина Карбинци ќе донира 100.000 денари. ![]()
![]()
“
-информираше градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево