Во текот на вчерашниот ден целиот краен исток беше зафатен со поголемо невреме со големи количини на дожт, силен ветар, електрични празнења од небото и грмотевици.
Во Виница невремето предизвика поголеми материјални штети на повеќе локации. Зафатени беа кровови на колективни згради, паднати поголеми дрва, водови на електрична струја, сообраќајници, протекување на домови итн…
Интервентни екипи на надлежните служби веднаш по невремето излегоа на терен за првичен увид на штетите и спасување на она што може да се спаси.
HTML Image as link
НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
Градоначалникот на општина Виница во текот на денешниот ден од утринава е на терен со свои екипи за увид на состојбата и решавање на предизвиканите проблеми.
“Паднати дрвја, блокирани патишта, оштетени кровови, големи оштетувања на електродистрибутивната мрежа се последица од вчерашното невреме кое ја зафати општина Виница.
Веднаш после невремето екипи на ТППЕ Виница, ЈП Солидарност и Електродистрибуција излегоа на терен се со цел побрзо нормализирање на сообраќајот и санирање на електродистрибутивната мрежа.
Денес екипи на ЈП Солидарност работат на отстранување на паднатите дрвја и гранки на неколку локација во градот и населените места, а Екипите на ЕВН Македонија се сеуште на терен.
Од рано утринава жителите на с.Јакимово повторно имаат напојување со електрична енергија, додека жителите на с.Истибања се сеуште без електрична енергија и вода за пиење.”
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип