БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Откако се разоткриени дека одработуваат за СДСМ и ДУИ, Левица во отворен напад врз кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Во изминатиот период политичката партија Левица во повеќе наврати беше разоткриена вклучително и од страна на нашиот портал , дека се претставува како лажна опозиција на власта на СДСМ и ДУИ додека во суштина делуваше како опозиција на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оваа левичарска партија со десничарски политики конечно започна да си го прикажува своето вистинско лице.

Индикатори кои укажуваат дека има јасна коалиција меѓу СДСМ, Левица и ДУИ

Зошто потребата на Димче-Левица “да пука” против ВМРО кога власта имаше обезбедено кворум?

Со “шок политика”, забавни и вицкасти провокации, манипулации и полувистини држава не се оправа!

Младата пратеничка од Скопје порача: Доста ни се шарени платени борци

Ако излегоа сите отровни габи на површината да продолжиме во борбата против злото на власта?

Од жестока политичка пресметка денес издвoјуваме: Димче VS ВМРО-ДПМНЕ

Груевски со обид да го вовлече Мицкоски во сценариото за одработување за опстој на СДСМ и ДУИ

Повторно СДСМ и ДУИ и нивните мегафони запнаа со кампањата “Сите се исти”!

Мисијата на Димитар Апасиев

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

Претседателот на Левица Димитар Апасиев отворено преку социјалните мрежи упати вербален напад на кандидатурата на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова која што до партијата ја поднесе својата апликација за да биде претставена како кандидат за претседател на Република МАкледонија на претстојната конвенција.

Нејзината кандидатура до партиските органи веднаш бешпе поддржана од огромен број на партиски членови, активисти и функционери, што ја прави своевиден фаворит на претстојната конвенција која ќе се одржи на 2 март.

Во ваквата внатрепартиска процедура свој вербален обид за упад прави Димитар Апасиев и политичката партија Левица, што од една страна е мешање во внатрепартиските состојби на друга партија со искажани лаги, манипулации и полувистини во обид да оствари јавен ПР ефект; а од друга страна прави обид за пасивизација на членството на ВМРО-ДПМНЕ но и граѓаните кои што на сопствена кожа најубаво го чувствуваат вжештениот жезол од лошото владеење на СДСМ и ДУИ и се решени да нанесат убедлив пораз на политиките на СДСМ и ДУИ на претстојните избори.

Ваквото експлицитно таргетирање за напад со ПР финти својствени само на Димитар Апасиев го изнесуваат во јавност неговото вистинско лице кое што во изминатиот период во неколку наврати се дефинираше себеси како соработник на СДСМ и ДУИ и нивно скриено “дрвено коњче” во редовите на опозицијата.

Колку повеќе минува времето и се доближуваат изборите а со тоа и паниката во редот на власта на СДСМ и ДУИ ќе биде поголема, толку повеќе ќе гледаме вакви вербални напади врз ВМРО-ДПМНЕ како единствена алтернатива на катастрофално лошите политики на власта, од страна на Димче Апасиев, неговата Левица и останатите провладини опозиционери на опозицијата.

Ваквиот вербален напад на Димче врз кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова пред партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ уште пред почетокот на кампањата за изборите е доказ за високото ниво на паника кај СДСМ и ДУИ, исправени пред негативниот револт на Македонскиот народ од нивните лоши политики во изминатите 7 години.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот