Градоначалникот на општина Штип во текот на вчерашмниот ден одржа јавна презентација и широка дебата со протставници на урбаните заедници кои што се работат во градот во рамки на проектот “Заеднички активности за локален економски развој”, во кој се содржани проекти од суштинско значење за Општина Штип.
Транспарентноста и директната соработка на градоначалникот Иван со граѓаните низ најразлични демократски методи на практикување демократија се наметнува како потреба произлезена од основните политички определби на Јорданов за реализација на проекти кои што се приоритетни за граѓаните и ги решаваат нивните проблеми и потреби.
“Заедно со претставници од Урбаните заедници денес одржавме Јавната презентација и дебата во врска со проектот “Заеднички активности за локален економски развој”, во кој се содржани проекти од суштинско значење за Општина Штип.
1. Изградба на бул.Партизанска
2. Изградба на конзоли на река Отиња
3. Изградба на Линија 2 и замена на застарената примарна водоводна мрежа.
4. Изградба на катни гаражи.”
-соопшти градоначалникот Иван Јорданов во врска со оваа средба.
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција