Во текот на утрешниот ден (29.05.2022 година) со почеток во 10.00 часот претпладне на територијата на Штип ќе се реализира досега најмасовната еколошка акција за расчистување на општината.
Општина Штип под раководство на градоначалникот Иван Јорданов во партнерство со граѓаните од урбаните заедници во Штип а во поддршка со јавното комунално претпријатие на територијата на сите урбани заедници во Штип ќе ги расчистуваат јавните површини од секаков смет кој го нагрдува ликот на овој регионален центар на истокот.
Градоначалникот Иван Јорданов ги повика сите заинтересирани граѓани да се вклучат во самата акција со цел за нејзино поуспешно спроведување ни подигање на јавната свест за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.
“Почитувани штипјани,
Оваа Недела, во 10:00 часот, сите заедно да учествуваме во масовна ЕКО – АКЦИЈА !
Излезете во вашето маало и вклучете се во ова партнерство меѓу општината и урбаните заедници!
Локации:
УЗ Славчо Стојменски – Триаголникот во Леваците
УЗ Св.Недела – Мини-маркет Лола
УЗ Сењак – Пред ООУ „Димитар Влахов“
УЗ 8-Ноември – Големиот парк, позади нова Пошта
УЗ Брегалница – Пред Тера-Маркет во зграда Промаја
УЗ Баби – Пред ООУ „Славејко Арсов“
УЗ Тошо Арсов – Кај спомениците на Исарот
УЗ Автокоманда – Пред Урбана заедница
УЗ Васил Доганџиски – Пред ООУ „Ванчо Прќе“
УЗ Железничка – Новото Спортско Игралиште
УЗ Дузлак – Парк на Фармацијата
УЗ Ново Село – Новото Спортско Игралиште
УЗ Македонка – Пред Урбана заедница”
-соопшти градоначалникот Иван Јорданов преку свое соопштение.
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
В. д. градоначалникот Крстевски на средба со директорот на „Амфенол“ Наков и со жители на Тркање
Двајца вработени во Центар за јавно здравје- Виница добија кривична пријава
Жител на Пробиштип доби кривична за насилство и напад на службено лице