Јавноста во Штип се навикна во последните неколку месеци на постојани позитивни изненадувања кои што им ги приредуваат локалните власти во Штип. Така во рамки на неговите постојани средби со граѓани меѓу останатото секоја недела градоначалникот на Штип Иван Јорданов се појавува и на промовирање на некој нов инфраструктурен проект кој што отскокнува од праксата до пред една година на инфраструктурен застој и монотонија во општината.
Интензивната, постојана и посветена работа на менаџментот на ЈП “Исар” и ЈП “Стипион” Штип во насока на овозможување на подобри услови за живот за граѓаните на Штип во повеќе сфери, ги дава посакуваните резултати. Не само што бележат позитива во своето финансиско работење јавните претпријатија во Штип се патоказ за успешна реализација на убави проекти за своите сограѓани.
Во текот на вчерашниот ден градоначалникот Јорданов изврши увид на динамиката и квалитетот на реализација на предвидените проекти во населбата 8 ми Ноември во Штип каде што се реализираат повеќе активности.
“Заедно со јавните претпријатија започнавме со уредување на повеќенаменскиот парк во населба 8ми Ноември. Со поставување на вештачка трева за мал фудбал и специјализирана подлога за баскет, целосно оградување и осветлување, како и хортикултурно уредување целосно ќе се промени изгледот на постоечкиот парк, се со цел младите да имаат можност да рекреираат и спортуваат. Овој проект е во вредност од 1.500.000,00 денари, средства обезбедени од Буџет на Општина Штип.
Со градежни активности започнуваме и во други населби низ градот се со цел модернизирање и урбанизирање на Општина Штип.”
-информираше Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија